Димитриевски со донација го честиташе празникот на здравствените работници (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Светскиот ден на здравјето уште попознат како празник на здравствените работници, денеска во Куманово беше одбележан со скромна донација од Општина Куманово за болницата.

Loading...

Донацијата опфаќа заштитни одела и визири, кои треба да им послужат на здравствените работници кои се директно ангажирани во ковид центрите.

– Во оваа прилика во мое лично име и во име на граѓаните на општина Куманово да им го честитам денот на здравствените работници, да им посакам што помалку работа и да се заблагодарам за сето она што го даваат од себе првично како граѓани како луѓе, а потоа и како професионалци во овие тешки моменти на епидемијата, изјави Димитриевски.

 

 

Тој одава целосно признание за работата на лекарите и ја истакна добрата соработка со болинцата.

– Во изминатиот период се соочуваме со една незапомнета криза, сите заедно учествуваме во тоа, успеваме да реализираме поголем број на заеднички проекти, еден од тие е и модуларната ковид болница, а се надевам и во иднина да направиме целосна гасификација на болницата бидејќи јавното претпријатие „Куманово гас“ веќе постави пункт за испорака на гас во болницата, рече градоначалникот.

Loading...

Димитриевски упати апел до граѓаните, особено помладите, да ги почитуваат мерките и на тој начин да им олеснат на здравствените работници.

– Воедно апелирам до сите наши сограѓани да ги почитуваат мерките бидејќи бројките од ковид епидемијата се многу сериозни во нашиот град, особено до  младите луѓе да се избегнува групирање, да се држи минимум дистанца, да се носат заштитни маски, тоа е најмалку што можеме да го направиме во овој момент за да им ја олесниме работата на сите здравствени работници, изјави Димитриевски.

 

 

Директорката на кумановската Општа болница Снежана Захариева, вели дека градоначалникот бил тој кој ги потсетил дека денеска воопшто им е празникот.

– Му благодариме на донацијата на лична заштитна опрема, не е ни прва, верувам ни последна. Ќе му посакам добро здравје и нему и на сите наши граѓани. Честитката по повод 7ми април ја упатувам до сите здравствени работници, најпрвин до оние кои веќе втора година се ангажирани во ковид центрите, кои не се штедат себеси. За жал двајца колеги ја изгубија битката со ковид19 не се дел од нашиот колектив, некои изгубија членови на свои семејства, а добар дел од нас беа пациенти, го прележавме ковидот и пак се вративме на своите работни обврски, во ниту еден момент не се ставивме себе пред пациентите, напротив давеме свој максимум, изјави Захариева.

 

Loading...

 

Само со заеднички сили, вели Захариева, ќе може да се победи овој непријател.

– Ќе упатам еден апел до сите граѓани на Куманово да во оваа битка ни помогнат со тоа што ќе се придржуваат со мерките, бидејќи само со заеднички сили можеме да го победиме овој непријател кој за жал однесе многу животи остави трајни последици по здравјето на добар дел од пациентите и еве уште трае без да знаеме кога ќе заврши. Се надевам дека мерките коишто се донесени од владата и секако масовната вакцинација ќе допринесат да час поскоро се справиме со овој непријател, па наредната година да го славиме празникот сите на број во добро здравје и без маски, изјави Захариева.

Инаку болницата има рекорден број на пациенти со ковид, 90 од нив се хоспитализирани лежечки, а 104 доаѓаат во дневната болница по својата терапија.

 

 

Loading...

Од денеска и дел од општинската администрација се става на располагање на болницата со цел да помогнат во транспорт на боци со кислород.

Никола Ивановски

Leave a Reply