Димитриевски: Сите улици кои ги имам ветено во програмата ќе бидат реализирани во следните 4 години

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, вечерва во дебатата на телевизија 24 информираше дека сите улици кои ги има ветено
ќе бидат реализирани.

Loading...

„Сите улици кои ги имам ветено во рамките на мојата кампања ќе бидат реализирани во периодот од следните четири години, а до крајот на годината оние кои ги има во програмата и буџетот, некаде околу три четиринаесет. Дополнително, нашите ветувања се реални. Куманово ќе добие нови зелени паркови, нови зелени површини, нови спортски содржини. Многу урбани катчиња и улици, буквално, во Куманово повеќе никогаш нема да има кал. Да не затеков лоша финансиска состојба во општината калта ќе беше минатото и еднаш засекогаш ќе тргнеме да го средуваме центарот на градот какошто му доликува на еден модерен и урбан град. За вработувања нема да коментирам, господинот Илиевски е експерт за вработување. Цело Куманово знае дека он е шеф на кадровската комисија на СДСМ и всушност знаат луѓето кој и каде ги вработуваат“, потенцираше Димитриевски.

Тој истакна дека никогаш додека е градоначалник не купил земјиште во општина Куманово, туку земјиштето е купено 2009/2010 година кога се вратил од работа во Ирак и не бил инволвиран во политичкиот живот.