Димитриевски се потпиша во ДИК за својата кандидатура (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска се потпиша за својата кандидатура во просториите на Државната изборна комисија во Куманово.

Loading...

 

 

Потписите за поддршка на кандидатите за претседател се оставаат во подрачната канцеларија на Државната изборна комисија, која е лоцирана веднаш спроти градската џамија во Куманово.

Како што рече, бројката на оние кои се отповикале е висока и ги повика сите останати да го поддржат за да се воведе нов концепт во македонија.

– Да ги повикам сите граѓани на Македонија да ја дадат поддршката бидејќи нашата цел е да воведеме нов концепт и нови стандарди бидејќи Македонија тоа го заслужува. Македонија мора да излезе од црно – сивиот свет во кој функционира и единствено тоа може да го сторат граѓаните доколку се одважат. Доколку имаме висока поддршка со собирање на потписи тоа ќе значи дека ќе имаме и висок одѕив при самото гласање, а со тоа не само што ќе се зголеми демократијата во државата, туку народот ќе испрати јасна порака дека сака да се случи нешто ново во државата, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

 

Loading...

 

Државната изборна комисија, смета тој, нема направено доволно за да ги информира граѓаните каде им се наоѓаат просториите низ градовите.

– Во однос на самата постапка и организација за прибирање на потписите мислам дека од страна на ДИК не е направено доволно да се информира јавноста и граѓаните каде и на кои места и локации можат граѓаните да го дадат својот потпис за поддршка на одреден кандидат. Имаме мал број на канцеларии, не сите општини се опфатени со канцеларии на ДИК, а воедно и неопходен е правилник во кој ќе се дефинираат точните локации и дополнително граѓаните на полесен начин ќе се информираат каде можат да ја дадат поддршката на одреден кандидат, потенцираше тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

 

 

Сепак, како што вели, верува дека во најкус рок ДИК ќе најде начин дополнително да ги информира граѓаните.

Loading...

– Утрово ми се јавија голем број на грѓаани кои поставија прашање до мене каде да ги дадат своите потписи за поддршка. Лично не бев информиран согласно правилникот и дадените адреси во правилникот, но сметам дека тоа е недоволно, тоа не е обврска на нас кандидатите, тоа е обврска на ДИК, тие се платени за тоа и имаат обврска да ги информираат граѓаните и јавноста за точните локации и позиции каде се наоѓаат сите тие месни канцеларии на ДИК каде можат да дадат потпис, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

 

 

Во однос на собирање на потписите кај нотарите, вели дека тоа е скапа постапка, оти секој потпис мора да се завери, а тоа се плаќа.

Димитриевски им посака успех на сите кандидати кои ќе учествуваат во собирањето потписи за претседателската кандидатура и вели дека големиот број кандидати значи и повисоко ниво на демократија.

Тој дојде во придржуба на својата сопруга, при што двајцата во ДИК оставија потпис со кој даваат поддршка на кандидатурата.

 

Loading...

 

Според закон, кандидатите за претседател мора да соберат 10.000 потписи од граѓаните од целата држава, пред нивната кандидатура да биде прифатена.

Тоа не мора да го прават парламентарните партии кои ќе добијат поддршка од пратениците.

 

Loading...

Никола Ивановски