Димитриевски: Сакаме да обезбедиме целосно бесплатен јавен градски превоз

Сподели со своите пријатели

„Ја раздолжив една од најзадолжените општини што денеска сме една од финансиски најстабилните општини и почнавме да воведуваме ред во градот. Решивме голем број на локации, современи објекти коишто никој не сакаше да ги сруши. Пробивме одредени нови улици, продолжуваме со тоа темпо, а допрва во следните три години, ако оваа година имплементираме 130 па и повеќе од 130 проекти, следната година ќе имплементираме најмалку 200 проекти“ Ова денеска го изјави градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во утринското гостување во емисијата „Да си кажеме“ на телевизија Телма.

Loading...

Во емисијата, Димитриевски информираше дека Куманово е една од ретките општин којашто над 1000 случаи во Куманово, на 1000 семејства ги уплаќа тековните трошоци за комунална хигиена и за потрошувачка на вода и дополнително дава еднократна помош на голем број на семејства од социјален ризик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд временска прогноза за Куманово

„Кумановци имаат за пензионерите бесплатен автобуски превоз од некаде четири месеци кадешто ги субвенционираме сите јавни превозници за бесплатен автобуски превоз на пензионерите од најниската категорија кои примаат пензија. Што се однесува до студентите сега правиме една анализа и се обидуваме да дојдеме до една калкулација во зависност од можностите на буџетот, бидејќи не можете да ги извадите сите пари од буџетот, да ги скратите капиталните инвестиции и инфраструктурата, а да субвенционирате превоз. Доколку успееме да се договориме со јавните превозници тогаш можеби и ќе воведеме целосен јавен градски превоз на сите граѓани во општина Куманово и да помогнеме на овие тешки економски моменти. Во моментов некаде над 2 милиони денари се издвојуваат од општинскиот буџет за бесплатен превоз на пензионери во општина Куманово. Има здружение на пензионери, си аплицираат за етикети, врз база на таа евиденција подоцна се носи во општина Куманово и во соработка со вршителот на јавниот превоз се уплаќаат тие средства. А, што се однесува до бројот на линиите тие се одржуваат редовно и дополнително е зголемен бројот на линии, освен на поедини места кадешто имаме проблем со поедини превозници“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ значително намалување на цените на горивата