Димитриевски: Реализиравме над 400 проекти, само годинава имаме инвестиции во повеќе од 8 училишта, општината целосно ја раздолживме

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник од иницијативата „За Наше Куманово“ Максим Димитриевски, а воедно и актуелен татко на градот, во вечерашното гостување во дебатната емисија Клик плус на телевизија 21 истакна дека се реазлизирани над 400 проекти.

Loading...

„Реализиравме над 400 проекти. Куманово беше една од најзадолжените општини. Работиме многу домаќински, посветено, со големи заштеди. И реализиравме сериозни капитални проекти. Куманово денеска е една од најдобро осветлените општини. Не е точно фактот дека Владата го врати половина од долгот на општината, бидејќи не беше 3.9 милиони евра, туку беше долгот беше многу поголем. Тука се смета основниот долг, но ние враќавме пред да дојдат тие средства и претходно. Некои општини тоа не го правеа, па затоа една општина Охрид и Тетово доби 7,8 пати поголеми средства од општина Куманово. Точно е добивме приближно 2 милиони евра, но вративме долг заедно со камати некаде околу 11ипол милиони евра“, рече Димитриевски.

Димитриевски потенцираше дека има заштеди во делот на јавните набавки со над 60%.

Во дебатната емисија, Димитриевски информираше дека во Општина последното училиште е изградено во далечната ’87ма година и оттогаш до 2018 година имало само една инвестиција во основно училиште.

„Само последната година имаме инвестиции во повеќе од 8 училишта, кадешто се сменети кровови, фасади, врати, прозорци, нови санитарни чворови и тоа: во училишта кадешто учат сите наши ученици, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите етнички заедници кои ги имаме во градот. Но, жално е што одредени министри кои седеа на одговорни функции во владата, на коишто во континуитет им испраќав барања, да се изнајдат средства за ова училиште, освен поранешната министерка Рената Тренеска Дескоска која што имаше сенс за овој проблем и обезбеди средства во буџетот, но не беа реализирани затоа што претходно министерството коешто е задолжено за проектирање на вакви документи немаше соодветен проект, ниту еден друг министер во континуитет нема разбирање за една ваква капитална инвестиција. На мое прашање зошто? Добив одговор од поедини министри – а кој сте вие да ги решавате албанските проблеми во Куманово? Јас сум градоначалник на сите и задолжен сум да го работам тоа“, изјави Димитриевски.

Независниот кандидат Димитриевски рече дека секогаш го бира граѓанскиот интерес пред партискиот интерес во однос на неговата кандидатура за градоначалник.