Димитриевски потпиша Меморандум за соработка со Здружението за општествен развој и демократија „Пулсот на демократијата”

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски денеска потпиша Меморандум за соработка со претставници на Здружението за општествен развој и демократија НВО “Пулсот на демократијата”-Куманово.

Loading...

Согласно со тоа дека цивилното општество е важен фактор, кој придонесува за креирање на јавното мислење, кое ќе доведе до подобрување на општествените вредности и националната кохезија, целта на овој Меморандум е афирмирање на демократијата и остварување на основните човекови права и слободи, преку поттикнување на мерки и вредности, кои ќе придонесат за севкупен напредок во државата.

Интегрално соопштение: Општина Куманово