Димитриевски положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, претседателката на Советот на општината Атина Мургашанска и претставници од локалната самоуправа денеска положија свежо цвеќе на гробот на револуционерот Гоце Делчев.

Loading...

 

 

– По повод одбележувањето 118 години од загинувањето на македонскиот револуционер, визионер, организатор и предводник на македонското национално ослободително движење Гоце Делчев, заедно со претседателката на Советот на општината Атина Мургашанска и претставници на општинската администрација, оддадовме почит и положивме свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата „Св.Спас” во Скопје, напиша Димитриевски на социјалните мрежи.

 

 

Loading...

Претходно делегацијата свежо цвеќе положи и на бистата на Гоце Делчев во кумановската Гимназија, како и на споменикот на Јосип Броз Тито на плоштадот во Куманово.

 

 

 Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *