Димитриевски побара од Владата посебен режим за Куманово

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски заедно со Општинскиот штаб за заштита и спасување каде тој е командант, побара од Владата да воведе посебен режим за територијата на општината.

Loading...

Како што вели, се бара зголемување на времетраењето на полицискиот час и контролни пунктови на влез и излез од градот.

– Бараме од Владата да воведе посебен режим за Општина Куманово. Да се зголеми тајмингот на полицискиот час од 18 часот до 6 часот, воедно да се постават контролни пунктови на територијата на градот и да имаме контролиран влез и излез во градот на кои што пунктови на сите влезови и излези во градот ќе се врши дополнителна дезинфекција, рече градоначалникот Димитриевски на денешната прес конференција.

Димитриевски и штабот исто така побарале од Централниот штаб при Владата, постојана координација и навремено споделување на сите информации во однос на сите настанати состојби на подрачјето на Општина Куманово со цел навремена координација на аквитностите од општинскиот штаб.

Никола Ивановски

Leave a Reply