Димитриевски побара мислење од граѓаните за новиот кружен тек (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски преку социјални мрежи побара граѓаните да му упатат сугестии и мислења во однос на новото сообраќајно решение за крстосницата од булеварите „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, поточно локацијата Митев мост.

Loading...

– Пред да пристапиме на изготвување на финален проект го објавувам на увид на јавноста. Отворени сме са сите идеи, сугестии и ваши мислења во интерес на изнаоѓање на најсоодветно решение кое идната година планираме да го имплементираме во нашата општина, напиша Димитриевски.

Во иднина, како што најави градоначалникот, следуват слични сообраќајни решенија на крстосницата на булеварот  „Трета МУБ“ кај градскиот пазар и локалитет Серава.

 

https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/posts/2023480731115690

 

Никола Ивановски

Leave a Reply