Димитриевски оствари средба со бискупот Киро Стојанов

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска имаше официјална средба со бискупот монсињор д-р Киро Стојанов од Католичката црква во Македонија.

 

 

На средбата присуствуваа и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Оливера Трајковска, епархискиот отец дон Томаш Бак од Полска, отец Зоран Стојанов – директор на „Каритас“ и соработничката Соња Чресловник.

Разговорите беа насочени кон актуелни прашања поврзани со католичката црква, кои индиректно имаат допирни точки и со локалната самоуправа.

 

 

Градоначалникот Димитриевски истакна дека Општина Куманово и понатаму ќе биде партнер и поддржувач на сите верски заедници, нагласувајќи дека мултиетничкиот и мултиверскиот карактер на градот е темел за промоција на соживот, толеранција и мир.

Никола Ивановски