Димитриевски: Орденот што го добив од Каракачанов ќе му го вратам назад (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Орденот што го добив „100 годишната од Првата светска војна” во 2018 година од страна на министерот за одбрана на Република Бугарија, Красимир Карачаканов ќе му го вратам назад заедно со протестно писмо поради изјавите кои не водат кон добри меѓусоседски односи, напиша вечерва градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски на својот Фејсбук профил.

Loading...

Ореднот како што вели му го врачиле по повод заедничкото чествување на 22.10.2017 година на битката на Страцин.

– Ако разговараме за помирување и смирување на односите, заедничко чествување на настани кои не обединуваат како народи недозволиво е во 21 век да има претставници во Влада на земја членка на ЕУ со изјави кои се со заканувачки и омаловажувачки карактер по националниот идентитет на соседите. Нема да дозволиме да се поминат црвените национални граници, особено кога тука, по однос на ова прашање имаме национален консензус и поддршка од сите етнички заедници. Никој нема право да го оспорува нашиот идентитет и наместо да се гледаме во историјата, потребно е да се насочиме кон иднината, напиша Димитриевски.

 

 

Оваа Влада, вели тој, покажа дека води политика на меѓусоседски односи кои промовираат европска политика, напредни сфаќања и просперитет.

– Сигурен сум дека премиерот знае како да се справи со секоја ситуација, досега покажа дека знае да биде трпелив и да покаже дека со вистински решенија доаѓаат вистински одлуки. Не се сомневам дека и во овој случај тоа ќе биде така, пишува во објавата.

Loading...

Гестот, како што вели Димитриевски, е личен и директно насочен кон популизмот и двојниот пристап  на Каракачанов.

– Ниту во еден момент не е насочен кон граѓаните на Република Бугарија или пак кон нејзините одбрамбени сили кои ги сметам за пријателски и братски народ на македонскиот, завршува Димитриевски.

Никола Ивановски

Leave a Reply