Димитриевски: Оливер Илиевски како директор поднел барање до регулаторна комисија да се зголеми цената на водата за кумановци, а во јавноста дезинформира дека поднел барање за намалување

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски во гостувањето во Студио 10 на телевизија 24 информираше дека неговиот против кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ Оливер Илиевски поднел барање до регулаторна комисија за да се зголеми цената на водата.

Loading...

„За господинот Илиевски само едно сакам да кажам. Еве го документот, директор на јавно претпријатие за стопанисување со вода кумановско-липковско поле. Поднесува барање до регулаторна комисија да се зголеми цената двојно во општина Куманово на сурова вода. Ова значи покачување на цената на вода за кумановци минимум 30%, а од друга страна во јавноста дезинформира дека поднел барање да се намали цената. Така да, сите документи се тука, факти и отворено да говориме, да не манипулираме. Тој е директор на водоствопанство во коешто неконтролирано се краде песок, чакал и други работи, се експлоатираат државни површини, ама за жал никој не превзема ништо, бидејќи постои спрега на системот. Граѓаните тоа го знаат“, рече Димитриевски.