Димитриевски: Одлуката за бесплатен јавен превоз ја донесовме со апсолутен консензус, немаше политика

Сподели со своите пријатели

„Среќен сум поради одлуката за бесплатен јавен превоз што беше донесена со апсолутен консензус, немаше политика. Ние тоа не го ветивме на избори, но сметав дека треба да им се помогне на граѓаните во оваа тешка социо-економска криза особено енергетска криза. Донесовме одлука јавниот превоз да биде бесплатен, сите 26 линии кои оперираат во Куманово да бидат бесплатни за употреба за граѓаните“.

Loading...

Ова вчеравечер го потенцираше градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во гостувањето во „10 минути“ на телевизија 21.

Во емисијата, тој истакна дека со оваа мерка се постигнува финансиски ефект, но исто така се намалува и сообраќајниот метеж во градот и загадувањето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава е излезноста во Липково до 9 часот?

„Она што е многу важно, едно долгорочно создавање на навика за користење на јавниот превоз. Како ќе се создаде таа навика? Општината можеби ќе размислува во инвестиции на нови превозни средства или пак во јавно приватно партнерство. На самиот почеток при распишување на тендерската постапка и јас имав проблем со приватните превозници кои всушност оперираа со јавниот превоз, ние изнајдовме начин, значи блокадата не е решение, дијалогот е секогаш решение. И сметам дека сите проблеми се решаваат на маса“, рече Димитриевски.