Димитриевски од Софија: Бугарите ќе бидат вметнати во Уставот кога мојата баба во Благоевград ќе може да биде Македонка

Сподели со своите пријатели

„Бугарите ќе бидат запишани во Уставот без никаков проблем кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба Бранка во Благоевград ќе може да биде Македонка, а не Бугарка. Ќе си најдете начин барем една декларација во Парламентот ќе донесете кадешто ќе го признаете Македонското малцинство“. Ова вчера го изјави градоначалникот на општина Куманово во гостувањето во емисијата „Говори сега“ на бугарската национална телевизија БНТ1 во Софија.

Loading...

Димитриевски потенцираше дека бугарите мора да признаат еден непобитен факт, а тоа е дека Македонецот постои и не може да велат дека после 46-та година Македонците настанале.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Во емисијата, тој посочи дека во периодот 1941-1944-та година Бугарија е составен дел на фашистичката коалиција и за тоа постојат документи, а официјална Бугарија никогаш не излегла со став и не се извинила.