Димитриевски: Од Куманово секогаш тргнувале големите промени, на 17-ти октомври ја носиме победата

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски на вчерашната маалска средба на паркингот пред ТППЕ Куманово (Пожарнa) порача дека од Куманово секогаш тргнувале големите промени.

Loading...

„Тоа се гледа овде на оваа граѓанска средба, во моето маало, се чувствува енергијата на победничкиот тим За Наше Куманово. На 17-ти октомври ќе ја донесеме победата на Куманово и кумановци, затоа што нашиот концепт се базира на идеологија и на сериозна програма која е издржана. За наше Куманово е новата политичка енергија на слободни граѓани! Ние сме концепт на граѓаните, од граѓаните и за граѓаните. За мое, за твое и За Наше Куманово!“, рече Димитриевски.