Димитриевски: Новинарите мора да имаат подобри услови за да ја извршуваат својата професионална обврска

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај изјави дека новинарите мора да имаат подобри услови за работа кадешто ќе можат слободно и без никакви притисоци, навреди и уцени да ја извршуваат својата професионална обврска.

Loading...

„Секој човек има право на слобода на мислење и изразување и треба да се чувствува слободен да може да го искаже своето мислење и став. Доколку сакаме да одиме напред како општество, како сите напредни земји тогаш неопходно е да се трудиме постојано да ја унапредуваме слободата на изразување. Новинарите мора да имаат подобри услови за работа, секогаш да можат слободно и без никакви притисоци, навреди и уцени да ја извршуваат својата професионална обврска. Убавината на демократијата значи вреднување на различни размислувања и подобрување на општествените процеси преку конструктивна критика. Денешниот Светски ден на слободата на медиумите е потсетник никогаш да не скршнеме од тој пат. Да им овозможиме достоинствени услови за работа на сите новинари и медиумски работници“, рече Димитриевски.