Димитриевски на средби со граѓани од село Лопате, населба Иго Тричковиќ и Перо Чичо: Придружете ни се, не има од сите возрасти, етнички заедници со различни идеи и ставови

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Максим Димитриевски, вечерва беше на средби со граѓаните
од село Лопате, населба Иго Тричковиќ и Перо Чичо (Гладно Поље).

Loading...

На средбите, Димитриевски ги повика неговите сограѓани да се приклучат на граѓанскиот концепт „За наше Куманово“, затоа што е победничкиот
концепт.

 

 

„Почитувани граѓани, придружете се на оваа иницијатива, нѐ има од сите возрасти, етнички заедници, со различни идеи и ставови. На овие избори
во Куманово победуваат граѓаните. Ќе работиме искрено и чесно, исклучиво за граѓанскиот интерес“, порача Димитриевски.