Димитриевски: На Куманово му се потребни 250 милиони евра за да ја среди подземната инфраструктура, да изгради фекална, атмосферска канализација

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, во вечерашното гостување во емисијата „Вин Вин“ на телевизија Телма истакна дека Куманово како најголема општина по глава на жител на дневна основа за локалната самоуправа да може да функционира потребни му се 100.000 евра дневно за да функционира образованието, социјална заштита, детските градинки, старечките домови, сите пренесени надлежности.

Loading...

„На Куманово му се потребни 250 милиони евра за да ја среди подземната инфраструктура, да изгради фекална, атмосферска канализација во урбаните и дел од урбано-руралните средини и да обезбеди мрежа за водоснабдување во сите делови на приградските населби и поголемите села. Тоа значи дека ние доколку сакаме сериозно да се развиеме ни се потребни пари, бидејќи ги немаме, според мојата груба пресметка ние треба следните 20 буџети на општината да ги интересираме, тоа значи следните 20 години да ги инвестираме исклучиво во изградба на фекална и атмосферска канализација, а да заборавиме на се останато. Парите се држат на централно ниво, се трошат на централно ниво, а граѓаните немаат можност да ги добијат средствата да им се вратат на локално ниво назад коишто преку даноци, такси првенствено преку данок од ДДВ, а потоа и персоналниот данок го плаќаат кон државата. Зошто? Значи, ние имаме некаде околу 4.5% 2017 година од вкупниот ДДВ што ќе се наплати на државно ниво, па тој 4.5% по некоја формула се дели и се распоредува назад. Денеска имаме 5.5%, значи за цели 5 години ние скокнавме за цел процент којшто процент оди во одреден фонд и со посебна формула се распоредува повторно неподеднакво. За персоналниот данок имаме 3% и тој сега би требало годишно да се зголемува по 1% за да го постигнеме нивото на фискална децентрализација еве на соседна Србија или Хрватска. Ни требаат уште 45 години, бидејќи дел од нив имаат над 40 или 50%, што значи централната власт со мач удира по локалната власт. Ги цеди граѓаните со даноци и такси, а за возврат не им враќа ништо назад, затоа имате катастрофални реализации на државните буџети од 15 и 20%, а дополнително државата се зајми“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

Во емисијата, тој направи паралела дека Куманово во 2017 година собрала 288 милиони денари сопствени приходи, минатата година собрала скоро 400 милиони, а Арачиново собрала 0 денари и добила награда од Владата. Димитриевски посочи дека Арачиново еднаш добила 600 илјади евра, а вториот пат уште еден грант средства директно од Владата во буџетот, потенцирајќи дека тоа е негативен пример и не се помага така.

„Централната власт е таа којашто свесно некои општини ги става во ситуација на стагнација, од аспект на подобност. Тоа мора да се анулира, без разлика кој ќе ја владее државата. Мора да се даде еднаква можност на сите, но не да заборавиме дека треба да има посебен осврт на регионалниот развој, ако доаѓам од североисточниот плански регион не можеме да не го развиеме најнеразвиениот регион со три милиони евра годишно. Државата треба да издвои посериозна сума на пари за да реализираме регионални проекти, да го поврземе Куманово со Кратово, со Крива Паланка, со Старо Нагоричане, со поквалитетна регионална патна инфраструктура“, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето