Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

Сподели со своите пријатели

„Ние немаме намера да рехабилитираме никој. Ќе се постапува кон сите согласно законот. Но она што сакаме да го рехабилитираме е токму Македонија, да се обидеме да ја трансформираме во стабилна и просперитетна држава којашто ќе почива на едни самоодржливи политики“, рече претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и негоов кандидат за претседател на државата за подкастот на Плус Инфо, Максим Димитриевски.

Loading...

Тој додаде дека целта е да се зголеми бруто домашниот производ за да имаме економски стабилна и  pросперитетна држава.

„Казнивоста да биде поеднаква кон сите и граѓаните сите да бидат од прв ред, а не само оние коишто се членови, симпатизери, поддржувачи, лојалисти на големите политички субјекти коишто во оваа држава се менувааат повеќе од 30 години, а за граѓаните од ден на ден е се полошо“.

Одговарајќи на прашањето зошто влегува во трката за претседател наместо комотно да биде носител на листа во Изборната единица 2 , каде што е суверен Димитриевски одговори:

„Видете за да направите крупни промени во општеството потребни се и крупни чекори. Токму еден од таквите чекори е и мојата кандидатура за за претседателскатаа битка, бидејќи сметам дека самите промени нема да дојдат сами од себе. Потребно е нешто ново да им се понуди на граѓаните. Сметам дека како човек којшто Куманово го научи како да менаџира со прилично признанени резултати, а и дополнително моментот кадешто видов дека имаме моќ за обединување на луѓе коишто биле и во редовите на СДСМ и во редовите на ВМРО, дојдов до заклучок дека можеме да го направиме тоа и на нацинално ниво. А нам во Македонија ни е потребно национално помирување. Потребно е помирување во секое семејство“.

Запрашан како би постапил кога би бил на функцијата претседател доколку дојде закон кој е проблематичен, Димитриевски рече:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обработени сите гласови во Куманово: Димитриевски победи

„Токму тој мандат којшто го дава законот, Уставот, претседателот да може да го врати законот пред законодавниот дом е прилично сериозен инструмент во рацете на Претседателот за Собранието, како највисок
орган во државната власт, бидејќи ние сме парламентарна демократија, согласно Уставот, ги преиспита своите одлуки. Вие во тој случај застанувате на страната на граѓаните“ и дополни дека со измената на Кривичниот закон се видела скриената соработка помеѓу власта и опозицијата. „Сметам, додаде Димитиевски дека најмалку што можеше Пендаровски требаше тој ист закон да го врати на повторно разгледување и со тоа да укаже на Парлментот дека не само што не се согласува со тоа, туку тој како претставник, суверен претставник на граѓаните, не се согласува со истиот во нивно име. А тоа како ќе одлучи по втор пат парламентот е уште повисоко ниво на политичка одговорност доколку останувате на таквите ставови коишто првично ги имате зацртано“.

На констатацијата дека досега во земјава повеќе пати се нудела трета опција која не се покажала во најдобро светло и која е разликата што се нуди со ЗНАМ, Диитриевски потенцира дека одат сами на избори и немаат намера да влезат во власта по секоја цена.

Loading...

„Првично ЗНАМ нема намера да стане јазиче на вагата, туку има намера да стане фактор на стабилизација на Македонија. Со тоа што верувам дека ќе добиеме огромна поддршка на следните паламентарни избори,којашто ЗНАМ ќе го позиционира како фактор на стабилност во следната влада. Но видете, кога вие сте слаби од внатре, кога во државата постои разногласие по сите национални прашања, кога постои огромна поделеност помеѓу политичкит субјекти, високо ниво на личнен антагонизам којшто реално постои во македонската политика, тогаш вие во очите на јавноста, кога ве набљудуваат од надвор изгледате многу слаб, порозен. Значи потребно е да се постигне високо ниво на единство, а тоа се постигнува со број на претставници во парламентот којшто го формираат мнозинството“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку граѓани гласале до 15 часот во Македонија?

Димитриевски посочи дека ние сме членка на НАТО, а стратешка определба е да бидеме членки на Европската унија и додаде:

„Но во Европската унија треба да влеземе сами на своето, како стабилна држава, држава без корупција и криминал, со нулта корупција, со една развојна компонента на самоодржливост, при тоа не распорадвајќи ги националните и стратешки ресурси со коишто располагаме во моментов. А тие Господ ни ги дал. Едно е сонцето, друго е плодната почва и третото се водите“.

Одговарајќи на прашањето како Македонија ќе стане економски просперитетна држава Димитриевски рече дека од искуството што го има во Куманово тоа е многу просто и многу едноставно.

„Првично ја сузбивате корупцијата, владеење на правото. Право еднакво за сите, со обврски коишто ќќе ги имаат сите согласно законот. Ги намалувате непродуктивните трошоци, ги зголемувате сопствените приходи и доаѓате до финансиска стабилност. Тоа што го применувате на локално ниво, ќе го примените и на централно ниво. За да се постигнат резултати потребно е многу работа,посветеност, луѓето да се идеолошки мотивирани и да си ја сакаат државата“ .

Во однос на црните листи и како гледа на тоа, Димитриевски одговори:

„Сето она што ќе излеззе во јавноста за било кој политичар и е легитимно од аспект на една суверена држава, како САД, да излезе и да каже дека за тоа и тоа лице постојат одредени докази,тоа потоа треба и да биде аргументирано, во спротивно ве става во состојба да добиете анатемизација како личност, поединец за којшто не постојат соодветни докази. Не верувам дека САД би направиле такви пропусти како држава“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква е излезноста во Старо Нагоричане до 15 часот?

Во однос на владеењето на правото и борбата за правда Димитривски посочи дека бил дел на Шарената револуција и додаде:

Loading...

„Јас до ден денеска верувам во тие идеи за коишто ние се залагавме и боревме. Точно е нема правда нема мир. Немаше правда и немаше мир ни тогаш, а нема ни денеска. Јас тоа директно го чувствувам на моја кожа со монтираниот случај во Куманово за којшто ќе си дојде епилог. Бидејќи правдата е бавна , но доаѓа.Исто така ќе излезе вистината и во овој случај.

Во однос на казнивоста и неказнивоста и владеењето на правото тој посочи:

„Ајде да направиме една анализа, дали ни до ден денеска,после 20 години власт во оваа држава имаме еден висок функционер на ДУИ којшто бил изведен пред лицето на правдата.Нема таков случај. Што значи ДУИ си ги користи неговите партнери во власта како обичен привезок за реализирање на неговите цели. 2000 година по воениот кофликт буквално со калашњиков влегоа во парламентот, добија на трендот тогашен, по фијаското во Охрид и потпишувањето на Охридскиот рамковвен договор. Дополнително се инсталираа на сите ниво на извршната власт, направија комплетна политизација на системот и денеска од ден на ден ги гледаме како ја запоседнуваат најбрутално независната судска и обвинителска власт . До каде ќе оди тоа. До создавање на приватно судство“.

На крајот од гостувањето во подкастот на Плус Инфо, Димитриевски потенцира дека:

„Ние сме мал народ, но многу голем во срце. И најголемиот проблем бил во историјата да сфатиме дека треба да бидеме свои на своето, сигурни во себе и да генерераме и создаваме нови лидери, бидејќи моменталната политичка понуда на тој план е потрошена. На Македонија и се потребни нови лидери коишто ќе ја поведат во нови победи и нова стабилизација“.