Димитриевски: Македонија во делот на безбедноста и стабилноста ги затвори сите прашања

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија изјави дека ние имаме држава благодарејќи на нашите предци, комитското и партизанското движење, но и благодарение на нашиот најголем стратешки партнер Соединетите Американски Држави кои први испратија свои сили во 1991 година да заштитат еден дел од границата.

Loading...

„САД е потврден партнер и имаме потпишано стратешки договор со таа држава. Нивниот став во одреден момент кога стигна францускиот предлог преку нивниот помошник државен секретар беше дека тоа е билатерален проблем, којшто треба да го решаваат двете држави взаемно, а Македонија треба да го продолжи евроинтегративниот процес. Не признаа и под уставно име, ние прифативме да го промениме името. ЕУ е таа којашто треба да се адресира проблемот на друг начин, која има реален проблем да го интегрира регионот во ЕУ, бидејќи предлог временски период ние чекаме пред портите на ЕУ“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За 18 години извршителите наплатиле речиси 2 милијарда евра долгови

Тој информираше дека во делот на безбедноста и стабилноста Македонија ги затвори сите прашања, во делот на етничките права исто така, но Македонија треба да се занимава со трансформација од биетничко општество во мултиетничко општество и да поработи на соживотот, бидејќи во моментов соживотот го живеат само политичките репрезенти во Парламентот, тие се дружат, а децата се поделени уште во основно училиште.