Димитриевски: Македонија му се одолжува на Куманово преку Владата и ги охрабрувам да продолжат така (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Куманово вакви инвестиции немало одамна, рече денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски при увидот на реконструкцијата на магистралата Куманово – Свети Николе, и додаде дека „Македонија му се одолжува на Куманово преку Владата и ги охрабрувам да продолжат така“.

Loading...

Голем бенефит од реконструкцијата на целата магистрала, според првиот човек на Куманово имаат и граѓаните од руралните средини.

– Голем бенефит од целата аквитност, покрај граѓаните имаат руралните средини, затоа што целат аколичина на отпадниот или гребан асфалт се даде на општината која истиот го користи за тампонирање на локални и рурални патишта и поранешната општина Орашец во најголем дел е покриена со тие количини, изјави Димитриевски.

Соработката на централно и локално ниво, како што рече кумановскиот градоначаник, е одлична и граѓаните се оние кои ќе го почувствуваат бенефитот.

Loading...

– Средсрвата кои се вложуваат се сериозни и ќе продолжиме и за следната година во таква реализација, затоа што Куманово се наоѓа на една таква битна крстосница во државата, минуваат сериозни коридори од исклучително значење не само за државата, туку и регионот и пошироко. И во регионот каде се гради пругата веќе се реконструирани двата моста по кои минува трасата на пругата низ градот, се работи на реконструкција на третиот во близина на маркетот Туш, потенцираше Димитриевски.

Тој апелираше до граѓаните за разбирање поради сообраќајниот метеж поради градежните активности.

Leave a Reply