Димитриевски: Локалитетот околу „Куба“ наликува на Чернобил, прескапо е да се урива (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Локацијата околу поранешниот хотел „Куба“ во Куманово наликува на Чернобил, вели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Loading...

 

фото: архива

 

Во своето денешно излагање пред членовите на Советот на Општина Куманово, градоначалникот рече дека Управата за јавни приходи се обидувала да го продаде објектот, но попусто.

– Локацијата наликува на Чернобил, но тоа е кога беше започнат стечајот на „Бисерка“. Денеска објектот е во сопственост на УЈП, неколку пати се обидуваат да го продадат, нема заинтересирани. Објектот да се сруши чини поскапо отколку да се изгради целосно нов. Не знам што ќе се случува во иднина, ако одиме и го прогласиме објектот за склонопаден ќе имаме обврска да го срушиме, иста е и состојбата со хотел Кристал, но општината таму нема надлежност, вели Димитриевски.

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply