Димитриевски: Куманово за првпат во историјата доби бесплатен јавен превоз за сите

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, во вечерашното гостување во емисијата Став на ТВ Плус потенцираше дека Куманово за првпат во својата историја доби бесплатен јавен превоз.

Loading...

„Ова е идеја што наиде на консензус во Советот, Општина Куманово со 30 милиони денари ќе го субвенционира градскиот превоз или некаде 40 денари по километар за секое движење на автобус. Еден километар изминат на автобус превозниците ќе добијат 40 денари од општината и тоа се навистина скромни средства ако земете превоз на такси возило од 50, 60 денари. Нашата цел е првенствено да создадеме навика за користење на јавен превоз. Дополнително, да го сузбиеме дивиот превоз, дивите превозници што се сериозен проблем на градот. Да го намалиме аерозагадувањето и да го намалиме сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Ако ги изземеме овие празнични денови кога секогаш е зголемен сообраќајот во централното градско подрачје мислам дека дури после 15 јануари ќе се почувствува суштински оваа мерка. Според она што јас го гледам, ние интензивно почнавме заедно со превозниците или вршителите, давателите на услуга коишто се некаде 8 компании во градот на имплементација на овој проект јас сум благодарен, ги поздравувам сите што се одзваа барем досега ревносно со исклучок на поедини линии каде имаме поединечни проблеми. Овој јавен превоз се одвива бесплатно за сите граѓани, имаме искрено проблем во моментот на локација Куманово – Клечовце којашто е меѓуградска релација, не е општинска релација. Со превозникот се обидуваме да изнајдеме решение и овие наши граѓани на село Клечовце да ја користат оваа услуга и верувам тоа ќе се случи во блиска иднина. Куманово доби бесплатен јавен превоз првпат во својата историја на постоење, доколку е добра оваа мерка на имплементација на шест месеци на истата зошто не ја продолжиме доколку и буџетот ни дозволува. Првичните анализи и сондажи ни покажаа дека има голем интерес за бесплатен јавен превоз“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гиновска: Вчерашниот митинг беше масновно изразување на народната волја (ВИДЕО)

Димитриевски изјави дека превозниците имаат обврска да се придржуваат кон редоследите и распоредите на движење на автобусите коишто во постапката на тендерирање на линиите.

„Имаме вкупно 27 линии, се договоривме со превозниците после првиот месец да направиме анализа кои линии се користат масовно, а кои не се користат, да бидат редуцирани, а да бидат воведени дополнителен број на линии во одредените линии таму кадешто има потреба, бидејќи првиот месец е пилот проект како ќе функционира. За првпат и превозниците чувствуваат бенефит во оваа тешка социо економска состојба каде општината издвојува буџетски средства за субвенционирање на јавен превоз. По имплементација на самата одлука, по шест месечното користење ќе направиме релевантна теренска анкета кадешто ќе ги прашаме граѓаните и потоа ќе одлучиме дали ќе продолжиме со оваа мерка“, посочи Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 18-годишник од Куманово поради кражба