Димитриевски: Куманово е пријател на секое дете и лице со попреченост, мораме сите заеднички да делуваме за подобар живот на овие лица

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, по повод денешниот Меѓународен ден на лицата со попреченост, 3 Декември, истакна
дека Куманово е пријател на секое дете и лице со попреченост.

Loading...

„Куманово е инклузивна општина која подеднакво се грижи за секого. Денешниот Меѓународен ден на лицата со попреченост е силна потврда за нашата заложба како општина во унапредувањето на квалитетот на живот на сите граѓани, вклучително и на овие лица. Се обврзувам дека во следниот период ќе дадеме можност на лицата со попреченост да придонесат за подобро Куманово. Во нашата програма за работа предвидуваме отворање на спортска сала за лица со попреченост, како и бесплатен јавен градски превоз на семејства, кои имаат деца со попреченост и за лица со попреченост. Во општинските училишта ќе поставиме пристапни рампи и тоалети за деца, а ќе направиме и реконструкција на сите тротоари во централното градско подрачје и адаптација за непречено движење на овие лица“, потенцира Димитриевски.

Димитриевски истакна дека мораме сите заеднички активно да делуваме во обезбедувањето на подобар живот на овие лица кои се наши деца, родители,
пријатели и колеги.

„Мораме да направиме сè за да им го олесниме нивното секојдневно функционирање. За нас, денешниот ден е само потсетник дека мораме сите заеднички во текот на целата година да работиме посветено на овој план, за да можеме и да кажеме дека сме успеале Куманово да ја направиме да биде поинклузивна и похумана општина“, рече Димитриевски.