Димитриевски: Кога официјална Софија ќе го промени својот вокабулар, можеби ќе разговараме порамноправно

Сподели со своите пријатели

„Нема да се случат уставни измени и доколку се случат нема да бидат во интерес на нашите граѓани затоа што со потпишување на францускиот предлог и целиот протокол, Македонија всушност презема обврски однапред иако претходно следуваа официјални изјави и од Вашингтон дека тоа е билатерален проблем, дека треба проблемот да се решава помеѓу двете земји, а Македонија да продолжи на евроинтегративниот пат. Одеднаш преку ноќ се сменија ставовите. Првично претседателот Пендаровски му велеше “Удри на маса” на премиерот, за по неколку дена подоцна рече дека и тој учествувал во самото договарање по однос на францускиот предлог. Она што е многу поопасно сега е да се прифати сето тоа. Секој договор може да претрпи одредена измена”, вели градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, запрашан за уставните измени кои владата треба да ги изгласа во собранието.

Loading...

Според него, дипломатијата на Македонија во моментов е тотално фијаско водено од министер кон нема воопшто никакво познавање од дипломатија.

“Ако имате специјалист хирург за министер за надворешни работи којшто буквално не познава ни Д од дипломатија и ако ги менувате професионалците дипломати во тоа министерство за партиски кадри, тогаш ќе ви се случува ова што денеска се случува. Тотално фијаско на нашата дипломатија. Сето тоа мора да се реорганизира, мора да се постигне национален консензус по ова прашање, првенствено во македонската заедница, дополнително да се обезбеди консензус со сите етнички заедници бидејќи Македонија не креира биетничко, туку мултиетничко општество и дури потоа да се разговара отворено на сите теми”, потенцира Димитриевски.

За Димитриевски, неговото досегашно работење и водење на општината секогаш било пред се во духот и заложбите за добрососедство и пријателство со сите наши соседи, вклучувајќи ја и Бугарија, потенцирајќи дека македонскиот народ има многу пријатели во Бугарија, а нивните граѓани не сметаат за блиски, не уважуваат и не не негираат, нешто што официјална Софија треба да го разбере.

“И кога Софија ќе го промени својот вокабулар, којшто за жал не е променет од Втората светска војна па наваму, тогаш можеби и ќе разговараме, но порамноправно. Во овој момент ние се наоѓаме под константен притисок од официјалната политика којашто доаѓа од Софија”, додава тој.