Димитриевски: Ќе продолжам да работам за сите граѓани без поделби, но мора да се намали политичкото влијание на одредени поединци во градот

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, во дебатната емисија на ТВ Плус за локалните избори со против кандидатите за градоначалници истакна дека и во следниот мандат ќе работи за сите граѓани и без поделби.

Loading...

„Сметам дека реализиравме голем број на проекти. Куманово беше помеѓу една од трите најзадолжени општини, целосно финансиски блокирана, 8 години траеше таа блокада. Успеавме да ја деблокираме општината и да ги вратиме сите нејзини долгови. Денеска немаме никакви долгови. А во изминатите четири години реализиравме 400 проекти за подобрување и унапредување на Куманово. Преземам обврска доколку ја добијам довербата од мои кумановчани во следните години да реализирам повеќе од 800 проекти, а граѓаните ќе го почувствуваат бенефитот. Сите ние првенствено сме граѓани Кумановци. Нема поделби во Куманово, ниту сум менаџирал, ниту пак ќе дозволам да менаџирам во насока на поделби. Се обидуваме да направиме една сеопшта симбиоза за сите граѓани во Куманово да се чувствуваат кумановци, а потоа што се по етничка, верска, политичка или друга припадност“, рече Димитриевски.

Тој посочи дека мора да биде намалено политичкото влијание на одредени поединци во градот, бидејќи Куманово не може да биде заложник на поединци или на група на луѓе.

Куманово им припаѓа на сите кумановци без разлика на нивната политичка или друга определба. Во следниот период ќе се обидеме да работиме многу повеќе на зеленилото, за почиста средина, да го покачиме нивото на хигиената во градот. Дополнително, да изградиме неколку капитални проекти, и тоа: 5 кружни текови, од кои два се во постапка. Обезбедени се средства, чекаме на формалности поради политички блокади се кочат тие проекти. Ќе го реконструираме градскиот парк и ќе биде повторно најубаво место, како три нови градски паркови.