Димитриевски: Ќе иницирам законски решенија за директна поммош на вистинските винопроизводители

Сподели со своите пријатели

Кампањата на претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска во посета на Демир Капија.

Loading...

 

 

Димитриевски во изјавата за медиумите рече дека она што го работат граѓаните коишто живат во Повардарието и Тиквешијата е пример кој треба да се потенцира.

 

 

Loading...

„Сметам, додаде тој, – дека тие со својата работа во голем дел придонесуваат во зголемувањето на бруто  домашниот производ. Само со посветана работа која ќе влијае на зголемувањето на богатстово во државата можеме да зборуваме за самоодржлива држава Македонија“.

 

 

Димитриевски рече дека винопроизводството, одгледувањето на виновата лоза е дополнителен приход за секое семејство, но и зголемување на Бруто домашниот производ на државата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски ги соопшти условите за формирање на идна Влада

 

 

Loading...

„Од позиција на Претседател на Македонија ќе иницирам нови законски решенија за директна помош, особено на реалните винопроизводители, а се со цел семејните активности да се трансформираат во семејни бизниси, а малите бизниси да се трансформираат во средни бизниси.

 

 

Тоа ќе придонесе во равојот на економијата, како и во зголемувањето на приходите во буџетот“, рече Димитриевски.

 

 

Loading...

Денеска караванот на претседателскиот кандидат Максим Димитриевски покрај Демир Капија ќе ги посети Неготино, Росоман и Кавадарци.

 

 

 

 

Loading...