Димитриевски: Изјавите на Пендаровски се промискуитетни, јас имам за цел да ги обединам граѓаните

Сподели со своите пријатели

Промискуитетни изјави кои имаат за цел да дискредитираат и да ги делат граѓаните по политичка припадност не коментирам, вака градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски ги коментира вчерашните изјави на претседателот на државата Стево Пендаровски за Димитриевски.

Loading...

Тој вели дека негова цел е да ги обедини граѓаните кои се длабоко поделени по сите основи особено Македонците кои се згазени и се чувствуваат предадени од страна на сопствените политички репрезенти.

Луѓето не ги делам по политичка, верска или било каква друга основа а најмалку пак ги доживувам како глас, за мене секоја индивидуа е личност со интегритет и единствената разлика може да се направи во однос на добри и лоши, работливи и неработливи, луѓе со став и луѓе кои менуваат ставот по потреба или пак по налог како што за жал до сега многупати се потврди во случајот на нашиот Претседател на државата. Како и да е Македонија преживеала и полошо и полицемерно но никогаш не доживеала ваква рашомонијада и импровизации кои се секојдневни, сите заедно ќе го надминеме и овој феномен и повторно ќе продолжиме напред, изјави Димитриевски.