Димитриевски: Имплементацијата на современи технологии ќе остане приоритет на Куманово

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, заедно со градоначалниците на градот Скопје, општините Штип, Тетово, Битола, Струмица и Берово на покана на Амбасадата на Република Чешка денеска учествуваше на форумот „EU-Western Balkans: Smart Cities Economic Forum“ што се одржува во Прага.

Loading...

„Со имплементација на современи технологии во ЈП „Водовод“ обезбедивме поефикасно работење на претпријатието. Со имплементација на модерно ЛЕД осветлување со смарт систем Општина Куманово доби квалитетно осветлување со кое овозможивме подобар квалитет на светлина, модерен начин на управување и следење на дефекти и направени се значителни заштеди во потрошувачката, што се покажа од витално значење во условите на енергетска криза. На веб-страницата на Општината достапни се линкови до ГИС – Географски информациски систем, мерни станици за квалитет на воздух, Е-Совет, Е-наплата во ЈП “Чистота и зеленило”, во ЈП “Водовод”, во Градинка “Ангел Шајче”, во ЈОУ “Зафир Сајто” и други услуги, со тенденција за нивно подобрување, проширување и унапредување“, потенцира Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Тој посочи дека имплементацијата на современи и паметни технологии ќе остане приоритет на Општина Куманово, по примерот на добрите практики на другите европски градови.

Фокусот на форумот е ставен на развој и имплементација на концептот на паметни градови, дигитализација и зелена агенда, како и позитивни примери, искуствата и know-how на градовите од ЕУ во примена на овој концепт, неговата важност и улога во идниот развој на општините и директниот бенефит кој го има за граѓаните.