Димитриевски: Имам обврска да ги довршам сите почнати и да реализирам нови проекти

Сподели со своите пријатели

Ние како ЗНАМ едвај ги чекаме овие локални избори, затоа што досега не ги изневеривме нашите гласачи и граѓаните. Во оваа трка ЗНАМ не влегува само за да учествува, туку за да победи онаму каде што има свои кандидати за градоначалници. Затоа што, како по примерот на Куманово, каде се покажа дека беше преземена одговорност и се решаваа и се решаваат проблеми. Истото ќе биде пресликано и во Центар, истакна лидерот на ЗНАМ и актуелен градоначалник на Куманово и кандидат за нов мандат Максим Димитриевски во гостувањето во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 телевизија во која објасни зошто и по трет пат се кандидира за оваа позиција.

– Дали сум им здодеал на граѓаните или не ќе кажат на избори. Моја обврска е да продолжам да го работам тоа што најдобро го знам. Во првиот мандат, заедно со мојот тим, ја стабилизиравме најзадолжената општина и ја трансформиравме во финасиски најстабилна во државата. Успеавме да реализираме и повеќе проекти. Во вториот мандат работевме и работиме и во рурални и во урбани средини, направивме неколку капитални проекти. Нешто што другите пред мене го уриваа 40-тина години, како на пример спортската сала, ние успеавме да ја реконструираме, потенцираше Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Учесници на семинар се затруле со храна во Куманово

Во претходниот период како градоначалник под негово водство се реализирани над 800 проекти, рече Димитриевски.

Вели и дека клучно да ја прифати кандидатурата е неговата заложба да ги доврши сите почнати, но и да релизира нови проекти за што се надева дека ќе добие можност од граѓаните.

За него е значајно да ја има поддршката од голема политичка партија како што е партнерот во власта ВМРО-ДПМНЕ, но примарна е обврската е да продолжи да го работи тоа што во моментов да го прави најдобро – да ја води општина Куманово.

И, доколку граѓаните тоа го препознаат тој очекува јасна поддршка и на 19 октомври.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изложба на мали автомобили и цртање графити утре во Куманово

Горд е што токму во Куманово еден гигант како Лидл се решил да ја направи најголемата поединечна странска инвестиција досега – со изградба на логистичкиот центар кој е распространет на 60 илјади квадратни метри и ќе чини најмалку 110 милиони евра.

– Она што го видовме и јас и премиерот беше импозантно. Ја поздравувам оваа инвестиција на која сум горд како градоначалник. Очекуваме најдоцна до март тој комплекс, што се простира на 17 хектари површина на земјиште кое до вчера беше неизградено, да биде оперативен. А, според нивните најави до крајот на следната година и тие како фирма да станат комплетно оперативни со продажни центри, истакна Максим Димитриевски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Температури и над 30 степени

Не постои причина ЗНАМ да ја загуби поддршката што ја добиле на претходните избори затоа што, според него, по ниту една основа немаат разочарано никого, освен поединци кои многу очекувале на личен план.

Што се однесува пак до рејтингот, вели дека сите сондажи направени досега, велат дека граѓаните го препознаваат на местото на кое е и на кое претендира повторно на овие избори.

Интегрално соопштение