Димитриевски: И покрај некои негативни коментари, Куманово ќе продолжи со поставување на подигнати пешачки премини

Сподели со своите пријатели

Различни се реакциите на граѓаните во однос на поставувањето на подигнатите пешачки премини во Куманово, вели кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, но општината ќе продолжи со поставување на овие средства за намалување на брзината на возилата, со цел поголема безбедност на пешаците. Од една страна има група граѓани кои постојано бараат поставување на т.н. „лежечки полицајци“, од друга страна има возачи кои се противат.

Loading...

– Различни се коментарите од граѓаните. Оние кои живеат на некои локации каде поставуваме се согласни, но оние кои ги користат овие улици, а не живеат на тие локации бараат да не се поставуваат. Најбитно за мене како градоначалник и за општината е безбедноста на најмладите на сообраќајот, рече Димитриевски.

 

 

Подигнати пешачки премини се поставени на локации во близина на основните и средните училишта, детски градински, јавни установи.

– Имаме сериозен проблем со поставување на вакви средства за успорување на сообраќајот на патишта кои не се под директна надлежност на општината или имаат статус на регионални патишта како што се Куманово-Никуштак, Куманово-Опае, Куманово-Свети Николе, во урбаните делови каде поминуваат овие траси, во населбите Карпош, рече Димитриевски.

Тој додаде дека изминативе години поставени се 60-тина средства за успорување на сообраќајот на различни локации и според него подобро е да се изградат сукцесивно, а кога ќе се појави потреба да се дислоцираат.

Loading...

– Ние не можеме да ги спречиме граѓаните да возат брзо и да се однесуваат совесно без помош на сообраќајната полиција од којашто барам да биде поактивна на терен, изјави Димитриевски.

Александра Максимовска, Куманово

Leave a Reply