Димитриевски: Годинава успеавме финансиски да ја деблокираме општината

Сподели со своите пријатели

Финансиската деблокада на Општина Куманово конечно е отстранета, на што градоначалникот Максим Димитриевски е особено горд. Ова тој го сподели денеска на прес конференција одржана по повод три години од неговиот мандат.

Loading...

Како што рече самиот од 2012 година се до март 2020 година општината била под целосна финансиска блокада.

– Во таа постапка сакам да ја истакнам мојата благодарност до сите мои соработници особено до делот на соработниците кои што работат во одделението за финансиски работи, даночните служби и секако јавните набавки, бидејќи како резултат на нивното работење и подобрување на билансите на општината е дојдено до оваа состојба, рече Димитриевски.

Според него, по основ на судски извршни решенија и друг тип задолженија се исплатени 150 милиони денари, затечени обврски од 210 милиони денари, долгови на училиштата од околу 110 милиони, при што вкупно биле исплатени обврски во вредност од 470 милиони денари.

– Со тоа што со поголема транспарентност во делот на јавните набавки постигнавме високо ниво на заштеди во постапките со јавни набавки, а воедно и дополнително ги покачивме даночните приходи, особено данокот на промет со имот со што обезбедивме дополнителни средства и не можам, а да не споменам дека тука од сиклучително значење беше и еднократната финасиска помош во износ од 115 милиони денари која пристигна од Владата и централното ниво на власт, рече градоначалникот.

Во моментот Општина Куманово има тековни обврски од 28 милиони денари кои се должат на два проекти, кои се во изградба и кои ќе бидат платени од државата, додека заклучно денешен ден на сметката локалната самоуправа има 17 милиони денари.

Димитриевски ја нагласи и корона кризата која предизвика дополнителни трошоци за локалната самоуправа, но со логистика од општината и Советот се обезбедени потребните средства за заштита на граѓаните.

– Со одлука на советот беа обезбедени 4 милиони 117 илјади денари за набавка на трактор за дезинфекција, моторни прскалки, средства за дезинфекција, хуманитарни пакети кои се дистрибуираа на социјално најзагрозените граѓани, голем број на донации, некаде над 4.000 хуманитарни пакети до најзагрозените граѓани, заштитна опрема, маски, одела, визири, 240.000 денари средства за дезинфекција за почетокот на оваа учебна година кои беа поделени на основните и средни училишта каде се одвива настава со физичко присуство, рече тој.

Loading...

Од ковид мерките, Димитриевски ги потенцираше намалената комунална такса за фирмите од 6.000 на 4.000 денари и дополнителното ослободување од плаќање такса за поставување урбана опрема и закуп на државно земјиште од страна на угостителите со цел да им се овозможи ублажување на загубите претрпени со нивното неработење во екот на епидемијата.

Оваа година, како што рече Димитриевски во својот отчет, е реализиран најкапителниот проект во градот,а тоа е проектот за јавно приватно партнерство за улично осветлување, при што се заменети над 10.000 улични светилки.

– Од јануари па наваму трае десетгодишнио договор со приватниот партнер во рамки на кој проект беа променети над 10.000 улични сијалици со современи модерни лед светилки со различна светлина на територијата на целиот град и со право можам да потврдам дека Куманово во моментот е најосветлената општина на територијата на Република Северна Македонија, рече градоначалникот.

Општина Куманово за оваа инвестиција нема издвоено свои средства, а граѓаните тоа нема да ги чини ниту денар повеќе од она што претходно го плаќале за улично осветлување.

Никола Ивановски

Leave a Reply