Димитриевски ги повика противкандидатите на разговор за изборните програми (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска на прес конференција ги покани своите противкандидати од локалните избори да разговараат за нивните изборни програми и од нив да се извлечат најдобрите проекти што ќе се реализираат во следните четири години.

Loading...

Како што рече Димитриевски тоа е еден од заклучоците на координативниот состанок што го одржала иницијативата „За наше Куманово“.

– Со оглед на тоа што сме граѓанска иницијатива, за сите нас кумановчани важно е да имаме најдобри идеи и проекти за нашиот град. Како градоначалник ветив дека ќе разговарам со сите кандидати за градоначалници за да видиме што е најдобро за нашата општина. Секој од нас зборува за соработка, а всушност ние суштинска соработка немавме. А таа соработка може само да биде добра за граѓаните на нашиот град, изјави Димитриевски.

 

 

Тој ги повика противкандидатите во понеделник во 14:00 часот на состанок каде ќе се разговара за изборните програми.

– Ќе побарам суштинските проекти од нивните програми да се инкорпорираат во една заедничка програма и заедно во следните четири години да ги реализираме. Граѓанскиот интерес мора да биде пред партискиот или личниот интерес. Концептот „За наше Куманово“ излегува од граѓаните и ќе работи исклучиво за граѓаните на нашиот град, изјави градоначалникот.

Loading...

Според Димитриевски, граѓаните треба да имаат квалитетни решенија, и не треба да бидат разочарани.

Никола Ивановски