Димитриевски: Ги обединуваме граѓаните од различни етникуми, возрасти, со различни идеи и размислувања, во Куманово победуваат кумановци!

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, попладнево беше на средби со граѓани на повеќе локации во населба Карпош и на ул.
Боро Соколов, каде разговараа за тековните проблеми и потреби на граѓаните.

Loading...

„Со чесен и искрен пристап за развој на општината ги обединивме сите и сè поголем број граѓани се приклучуваат на граѓанската иницијатива, граѓани од различни етникуми, возрасти, со различни идеи и размислувања. На претстојните локални избори, во Куманово победува концептот на слободната мисла, на чесниот и искрен пристап. Во Куманово победуваат Кумановци!“, порача Димитриевски.