Димитриевски: Еве до каде е доведен одбранбениот апарат во Македонија (фото)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на комисијата за одбрана на СДСМ, Максим Димитриевски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, објави фотографии од касарна во Република Македонија, обвинувајќи ја власта за условите во кои работат војниците и офицерите на АРМ.

Loading...

11223645_10205731458826442_5368697376876922692_n

Повикувајќи се на изјава на професионален војник, Димитриевски прашува зошто радијаторите по касарните не се затоплуваат, и дали поради тоа два месеци војниците ”глумат” оџачари, чистејќи ги оџаците на секоја предавална и канцеларија.

Оваа се зборови на професионалец со кариера во АРМ: “Нема струја, нема јадење, нема минимални услови за живот и работа, ни издаваат задачи со рокови а услови за извршување нема, се прети со казнување, прекоманди и разрешување на пониско место, подигната борбена готовност, услови нула, дневници за дежурство нема, тортура психичка колку сакаш… полицаец со средно има поголема плата од мајор со магистратура или командноштабна школа… за опременост и одржување на опрема подобро и да не зборувам”
И сега групно и јавно да ве прашам Груевски, Иванов и Јолевски, имате ли вие претстава со што се соочува Република Македонија, и до каде го доведовте државниот одбранбен апарат, и дали ви е воопшто јасно зошто овие здрави психофизички луѓе кои што гордо ја носат униформата и искрено си ја сакаат државата, оболуваат од срце. Тоа се чесни и достоинствени луѓе на кои моралот многу им значи а вие ги доведовте на самото дно на општеството и ги згазивте со вашите политики, коментира Димитриевски.

На прашање каде се фотографирани условите од касарната, Димитриевски не даде јавен одговор.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.