Димитриевски: Движењето „За наше Куманово“ ќе направи пресврт на политичката сцена во државата

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, во емисијата Клик21 на телевизија 21 потенцираше дека на следните парламентарни избори, движењето „За наше Куманово“ ќе направи пресврт на политичката сцена во државата.

Loading...

„Јас знам дека на следните парламентарни избори, без разлика дали ќе бидат утре или ќе бидат редовни парламентарни избори, движењето „За Наше Куманово“ коешто сигурно ќе добие ново име, веројатно ќе биде „За Наша Македонија“ и ќе работи за наша Македонија, тоа здружение ќе направи пресврт на политичката сцена во државата. А, каква и колкава поддршка ќе добие тоа ќе зависи од граѓаните и дали ќе ги препознаат нашите политики и колку нашите политики ќе бидат искрени за нив. Ние имаме сериозна понуда, работиме со сериозни експерти и ќе излеземе пред граѓаните да ја бараме нивната поддршка. Сакаме да ставиме крај на сето ова за што претходно зборував, бидејќи не е само корупцијата како главен проблем“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова се првични резултати од гласањето во Куманово!

Во емисијата, Димитриевски и честита на новата американска амбасадорка во Македонија која најави огромна поддршка за властите во делот на борбата против корупцијата и испрати еден апел до неа да го искористи својот авторитет во Њурошкиот окружен суд да се расчепка или декласифицира предметот за Маѓар телеком.

„Нека ги објават јавно имињата кои се Македонски политичари, носители на јавни функции се вклучени во оваа афера, бидејќи јавноста заслужува тоа да го чуе. И јас сум убеден, штом нашите најголеми стратешки партнери ќе потенцирам најголеми стратешки партнери САД кои не се стратешки партнер на оваа држава само на хартија, туку тоа го потврдивме многу пати и на дело, а особено последниот пат со потпишување на договорот за стратешкото партнерство, штом се тука присутни секогаш ќе помогнат за оваа држава да се придвижи напред“, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава е излезноста во Старо Нагоричане до 17 часот?