Димитриевски: Бесплатен јавен градски превоз за студенти и пензионери, отвораме младински центри, во моментов се реконструира спорската сала (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово, на денешната прес-конференција информираше дека студентите и пензионерите од  Куманово ќе имаат целосен бесплатен градски јавен превоз на територија на оваа општина.

Loading...

Тој посочи дека ќе се дадат и поголеми можности на младите во градот преку отворање на младински центри, но и отворање на Tech-Center за млади на локација градски базен во Куманово, кадешто кровот на градскиот базен кој веќе е покриен ќе се формира Клуб за млади, каде ќе може да ги извршуваат своите активности.

– Сакам да најавам нови мерки за најмладите и највозрасните генерации во Куманово, првенствено целосно слободен превоз на сите студенти на територијата на нашата општина и слободен јавен градски превоз за пензионерите. Исто така давање поголеми можности за младите во градот со отворање на младински центри и дополнително на современ „tech центар“ на градски базен Куманово, каде на кровот кој веќе е покриен ќе се формира дополнителен клуб за млади каде младите ќе можат да ги обавуваат своите активности, рече Димитриевски.

 

 

Димитриевски потенцираше дека во моментов се работи на реконструкција на спортската сала, кој се финансира со средства обезбедени од страна на северо-историчниот плански регион.

– Средства кои следуваат согласно Законот за рамномерен регионален развој на општината и се работи на првата фаза на препокривање или реконструкција на кровот. Сакам да ги отфрлам сите шпекулации по однос на материјалот којшто се демонтира, бидејќи се работи за бакар, дека истиот уредно се складира во самата спортска сала во заклучена просторија, а подоцна ќе биде предмет на јавна проценка и јавно наддавање, продажба и истите средства ќе бидат реинвестирани во реконструкција на спортската сала, изјави Димитриевски.

Loading...

Периодот на реализација на проектот за реконструкција на спортската сала, како што посочи тој, ќе трае три месеци, а дополнително се подготвува фазата за партерно уредување на салата.

– Во рамките на нејзината реконструкција се предвидени и реконструкции на внатрешните простории на објектот, кои дел од нив ќе се користат од спортските клубови и отворање на нови фан зони во рамки на овој спортски капацитет, рече тој.

Никола Ивановски