Димитревски на средба со Регионалната занаетчиска комора

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“ Максим Димитриевски, денеска оствари средба со претставници од Регионалната занаетчиска комора Куманово.

Loading...

На средбата, се дискутираше за промоција и развој на занаетчиството, како и други теми од оваа област.

„Занаетчиите се вредноста во нашето општество. Мора да се трудиме да направиме сè што е во рамки на нашата должност за да го подобриме овој сегмент, со повеќе стимулативни мерки и програми за развој. Со комората имаме одлична соработка, која продолжува и понатаму“, истакна Димитриевски.