Диме Спасов во посета на чевларската фирма „Тушевски“

Сподели со своите пријатели

Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов денеска во продружба со пратеникот во Собранието на Република Македонија од Куманово, Зоран Шоршиевски беше во официјална посета на фабриката за производство на чевли „Тушевски“ во Куманово.

Од тука Спасов нагласи дека целта на посетата е да се направи увид во тоа каок се одвива соработката со Центарот за вработување во Куманово и како се реализираат мерките за вработување и колку истите помагаат да се зголеми бројот на работните места.

Мерката за вработување на млади во овој момент вроди со цели 12.160 вработувања. Очекувам во текот на денешниот ден да има и одредено зголемување на бројот на вработени. Сепак за две години преку оваа мерка успеавме да вработиме над  12.160 млади лица до 29 години, а од друга страна да им помогнеме на огромен број на компании да заштедат средства и да вработат млади лица – изјави Диме Спасов, дополнителен заменик министер за труд и  социјална политика,

Инаку компанијата „Тушевски“ со години наназад ги користела овие мерки на Владата на Република Македонија, а имаат вработено повеќе лица преку проектите на државата за поддршка на развојот на бизнисот и отворање на нови работни места.