ДИК ги обработи гласовите во Куманово, Димитриевски победи со над 6.000 гласови

Сподели со своите пријатели

Државната изборна комисија во текот на раните утрински часови го заврши пребројувањето на сите гласови во Куманово од вчерашниот втор круг на локалните избори.

Loading...

Според официјалните податоци победа однесе независниот кандидат на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Максим Димитриевски со 6.119 гласови разлика.

 

 

За Димитриевски гласале 55,30 отсто од гласачите или вкупно освоил 25.587 гласови.

Кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски ја добил поддршката од 42,07 од гласачкото тело, односно освоил 19.468 гласови.

Излезноста на вчерашните избори во Куманово изнесува 49,23 отсто, односно своето право на глас го оствариле 46.273 гласачи на 167 избирачки места.

Loading...

Илиевски вчеравечер во 21 часот одржа прв прес конференција на која соопшти дека СДСМ ги загуби изборите и му честиташе на противникот.

– Во овој момент сакам да им честитам на победниците и да порачам Куманово да го управуваат добро, да инвестираат и нашата програма ќе им стои на располагање. Сакам да ве информирам дека СДСМ освои 19.470 гласа, додека независниот кандидат заедно со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, има освоено 25.470 гласови. Ова се неофицијални податоци што ги добивме од нашиот изборен штаб, од сите гласачки места“, кажа Илиевски на прес-конференција.

 

 

Половина час подоцна поддржувачите на Максим Димитриевски на градскиот плоштад ја започнаа прославата за победата на изборите. Во својата изјава Димитриевски рече дека ова е победа на граѓаните.

– Денеска Куманово и Македонија победија, не победи Максим Димитриевски, а разликата е повеќе од шест илјади гласа. Им ветувам на граѓаните дека сето тоа што беше кажано во кампањата ќе биде и реализирано. Се базиравме на реално остварливи проекти. Ова е победа на демократијата над обид на поедини структури од режимот којшто за жал од СДСМ направија една партија која наликува на нешто што беше минато. И ќе го дадам својот максимум за да ги смениме работите во иднина“, рече Димитриевски.

 

Loading...

 

Се очекува граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ да има мнозинство и во Советот на општината.

Никола Ивановски