ДИЦ: Утре ќе се врши увид по приговор на тестови од државна матура

Сподели со своите пријатели

На прелиминарните резултати од тестовите по екстерните предмети на државната матура спроведена во јуни, поднесени беа вкупно 505 приговори од кои, по разгледувањето од страна на предметните комисии,  прифатени се 212, соопшти Државниот испитен центар.

Loading...

– Тоа е околу 0,4 отсто од вкупно прегледани 49.861 тест – книшки во овој испитен рок. Конечните резултати согласно пропишаната динамика на реализација на државната матура се доставени до училиштата на 22 јули 2015. Кандидатите кои приговарале имаат право на увид во тестот. Увидот ќе се реализира на ден 24 јули 2015 во просториите на Државниот испитен центар, информира ДИЦ.

Кандидатите кои сметаа дека тестовите не им се правилно вреднувани имаа право на приговор во рок од два дена, почнувајќи од 14 јули. Секој кандидат можеше за своите резултати да се информира и на веб- страницата за државна матура www.matura.gov.mk.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.