DHL се повлекува од Русија

Loading...
Сподели со своите пријатели

Логистичкиот гигант DHL ќе ги прекине сите свои домашни транспортни услуги во Русија од 1 септември, соопшти денеска компанијата.

Како причини за повлекувањето ги наведуваат техничките проблеми со ИТ системите и инфраструктурата, оперативните проблеми и законските ограничувања.

DHL на почетокот на март објави дека ги суспендира сите испораки во Русија.

По 1 септември, DHL International ќе обезбедува меѓународна услуга за брза испорака во Русија само од други земји.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жесток украински напад врз Доњецк и Луганск. Погодени се неколку згради, избувнаа пожари