Девојката „паднала” на возачки испит без да го статува автомобилот, а причината е неверојатна

Сподели со своите пријатели

17-годишна девојка од Ланкашир во Англија паднала на возачки испит без да има време да запали автомобил и да почне да вози, пренесува LADbible. Причината за падот е неверојатна и многумина, со кои таа ја сподели оваа вест, останаа шокирани.

Loading...

Имено, кога испитувачот влегол во автомобилот, забележал делови од гума за бришење под неговите нозе и ја соборил девојката бидејќи „автомобилот бил валкан и неподготвен за возење“. Најлошото нешто, вели нејзиниот татко Пол Тарнер, е тоа што автомобилот воопшто не е нејзин, туку на испитувачите кои оставиле траги од гумата бидејќи избришале нешто во нивната евиденција пред нејзиниот испит.

 

 

„Не е дека насекаде има празни канти или ѓубре… Целата ситуација е луда. Се расправаа 10 минути, но тој не се откажа. Таа падна на испит без воопшто да вози. Беше тажна и во солзи, и не можеше да добие рефундирање на парите што ги побара бидејќи практично не ни доби шанса да го полага испитот“.

Освен што возачкиот испит во Англија моментално е 64 фунти, односно 4700 денари , Пол вели дека го чекала со месеци, што го отежнува само полагањето бидејќи поминува многу време без возење.

„Мојата ќерка заштеди толку многу за ова, едноставно е неправедно. Агенцијата за возење и безбедност (DVSA UK) во изјава за медиумите рече:

Loading...

„Издадени се упатства дека автомобилите што се користат при тестовите за возење мора да се исчистат пред тестот за да се намали можноста за инфекција со коронавирус. Ова мора да се почитува“.