Побегнале на покривот на трговскиот центар во Јоханесбург, Јужна Африка, за да најдат безбедно место за мало физичко задоволство, но не биле свесни дека и на таа висина некој ги гледа, па дури и ги снима.
Маж кој стои на покривот додека жената клечи и орално го задоволува, забележале гости на забава одржана во блиската висококатница.
Парот наводно бил пијан, а мажот на покривот е студент кој на тој начин го прославил полагањето на испитот.
Но задоволството не траело долго бидејќи откако ја отворила вратата што води кон покривот, алармот се вклучил, а по неколку минути пристигнале обезбедувањето и го зеле засрамениот пар, пишува The Sun.
Челниците на трговскиот центар Сандтон Сити решиле да ги пријават во полиција.
-Отворена е истрага, не можеме да толерираме такво однесување. Мора да се грижиме за безбедноста на нашите работници и клиенти, посочија тие.
seks na krovu zgrade pic.twitter.com/EanMsKHZ6M
— pensador (@sakriosamime) April 10, 2019