Девојка од Куманово се придружила на редовите на ИСИС

Сподели со своите пријатели

Осумнаесет годишна девојка од Куманово со иницијали З.К е последната девојка од Македонија регрутирана од џихадистите на ИСИС, јавува порталот Порталб.мк на албански јазик.

Loading...

Според објавата, ниту семејството на девојката не ги знае причините зошто нивната ќерка заминала во редовите на ИСИС, поточно во Ирак.

Нејзиното исчезнување било пријавено во март годинава, кога Ц.З три последователни дена не се појавила на училиште. Откако била пријавена за исчезната, според сторијата на порталот, родителите добиле повик дека таа се наоѓа во Ирак и е безбедна.

Девојката била примерна и фино воспитана, се наведува во сторијата на порталот, пренесувајќи изјава од татко и, кој во Куманово важел за познат бизнисмен. Неговата ќерка според информациите била омажена за Ирачанец и одбивала да се врати дома.

Пред да замине во Ирак, девојчето не покажувало отворена поддршка кон исламистичките групи, освен во последните два – три месеци кога дома била забележана дека се однесува помалку чудно и нервозно, наведува порталот.

Откако заминала, нејзиниот брат кој одбил да го соопшти своите иницијали, во лап топ компјутер што припаѓал на неговата сестра, пронашол видео записи од ИСИС.

Родителите на девојчето од Куманово за порталот изјавиле дека се надеваат на враќање на нивната ќерка во семејниот дом.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.