Девојчето од бодликавата жица – симбол на големата бегалска криза (фото)

Сподели со своите пријатели

Унгарската полиција соопштува дека денес во Унгарија ќе бидат регистрирани 3.241 нови бегалци, што е најголем број забележан во еден ден оваа година, пренесува српскиот портал Блиц.

Loading...

Малата бегалка се провлекува низ железната ограда поставена долж границата на Унгарија и Србија.

Успеа планот на провлекување. Сега е полесно

 

Најголем број на мигранти е откриен на територијата на пограничната Жупанија – Чонград каде поминале 2.958 мигранти и 698 деца. Најголем дел е откриен во околината на населбата Реска, во близина на границата со Србија, а се работи за најголем број бегалци од Сирија, Пакистан и Авганистан.

Loading...

Мигрантите во Србија ги спроведува полиција се до унгарската граница, каде се предаваат во надлежност на унгарските имиграциски органи. Бранот мигранти, судејќи по податоците на надлежните, поминува низ Суботица, каде ноќеска се регистрирани речиси половина помал број бегалци во однос на останатите денови кога на тој дел пристигнуваа повеќе од 1000 на ден, пишува српски Блиц.

 На автобуската станица било соопштено дека во текот на денот биле регистрирани вкупно 18 заминувања од Белград за Суботица, а поголемиот број бегалци се упатуваат кон Кањижа, каде биле реализирани 22 транспорти.

 На три дена од затворањето на границата, унгарската полиција ги смируваше бегалците со солзавец, во обид да го напуштат прифатниот центар за бегалци близу местото Реска.

Бегалскиот бран кој ја зафати Европа е најтешката бегалска криза после Втората светска војна.

ФОТО: Reuters.com

Loading...

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.