Девојче свиреше клавир за време на комплицирана операција на мозокот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Деветгодишно девојче, Саомја од градот Банмор во индиската држава Мадја Прадеш, беше подложено на операција на мозокот без анестезија, свирејќи пијано и играјќи игри.

Loading...

Девојчето било оперирано поради тумор на мозок, што предизвикувал чести епилептични напади, а операцијата во болницата Бирла во Гвалиор траела шест часа и била успешна, пренесува Hindustan Times.

Лекарите, за да избегнат ризик од операција под анестезија и да можат да следат дека девојчето нема оштетено ниту еден центар во мозокот за време на операцијата, му дадоа на малиот пациент да свири на пијано.

„Ваквите операции се многу ризични, затоа моравме да се осигураме дека постапката не ја повредува девојчето, туку да ја задржи будна, за да ги следиме нејзините реакции“, рече Абишек Шухан, лекарот што ја оперирал девојчето заедно со неговиот тим.

 

Leave a Reply