Девојче се удави во базен на одмор во Грција

Сподели со своите пријатели

Десетгодишно девојче се удавило во базен на станбен комплекс во Неа Макри, Грција, каде била на одмор со родителите, пишува грчкиот весник „Прототема“.

Loading...

Според извештаите, трагедијата се случила во неделата кога девојчето нурнала во базенот за да извади маска за нуркање, која нејзините пријатели ја фрлиле во базенот за време на игра.

Од засега непознати причини девојчето се нурнали до дното на базенот каде според очевидци се задржала три минути.

Двајца лекари, кои живеат во станбената зграда, се обиделе со реанимација.

Еден од лекарите му рекол на Прототем дека ѝ извадиле храна од устата на детето додека се обидувале да го спасат.

Таткото на девојчето и нејзиниот брат ден претходно заминале од Неа Макри, а девојчето останало кај мајка си на одмор.

Околностите за несреќата треба да се знаат по обдукцијата.