Девизи запленети на Табановце

Сподели со своите пријатели

Девизи во износ од 1.780 евра биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на македонски државјанин кој, со македонски автомобил, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Loading...

Како што информираат од Царинската управа на Република Македонија, во торбичка на возачот биле пронајдени 3.780 евра за кои не поседувал документ потекло. Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот девизен прекршок ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Leave a Reply