Девизи, алати и пасоши за кучиња запленија цариниците на Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија 2 царински измами и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани  девизи, гасни пиштоли, муниција, алати, автоделови, облека, обувки, додатоци на исхраната за луѓе и животни, пасоши за кучиња и фалсификати, информираат од Царинската управата на Република Македонија.

Вкупно 6.000 евра биле откриени при личен претрес на српска државјанка, која како патник во швајцарски автомобил се пријавила за влез во државата, на граничниот премин Табановце автопат. Во рачна ташна на патничката се пронајдени 16.000 евра, од кои согласно законските прописи ѝ се вратени 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а за сторениот прекршок е поведена прекршочна постапка.

Една рачна машина за лепење на етикети и 5 употребувани хилти, откриени биле во два одвоени случаи на граничниот премин Табановце автопат.

Во првиот случај, при контрола на српски автобус, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, во куфер сопственост на возачот пронајдена била една рачна машина за лепење на етикети, тип DPG gear head 5GN-20-K.

 

Loading...

alati

 

Во вториот случај, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, во багажниот простор, покриени со патни торби, пронајдени биле 5 употребувани хилти, марка HILTI ТЕ 22, MAKITA, ATLAS COPCO и DE WALT.

 

masina

 

Во двата случаи, непријавените производи се привремено задржани, а против прекршителите ќе бидат поведени прекршочни постапки.

Вкупно 19 пасоши за кучиња (18унгарски и 1 бугарски) и 15 лепенки за вакцини за кучиња, откриени биле од страна на мобилните царински тимови при контрола на бугарски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

 

pasosi

Loading...

 

Пасошите биле пронајдени во преградата за документи, додека лепенките се пронајдени под маските на два мобилни телефони сопственост на возачот. Случајот е предаден на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.